Проектот СИТРА има за цел да даде поддршка на поединци во стекнување и развивање на основни вештини и клучни компетенции со цел да се поттикнат вработливоста и личниот развој. Според приоритетите утврдени со програмата Еразмус +, проектот „го поддржува и зајакнува развојот на клучните компетенции за сите поединци во текот на целиот живот. Во светот што брзо се менува, ова вклучува претприемачки ум, критичко размислување и креативност, како и вештини во области како што се социјални компетенции и компетенции за учење ”
Проектот СИТРА е насочен да ја подигне свеста кај претприемачите за важноста на меките вештини во процесот на селекција, како за нив, така и за луѓето што ги вработуваат, особено развивајќи стратегии кои ги поттикнуваат нискоквалификуваните возрасни лица, да ги подобрат и надградат своите вештини .

Проектот работи на подобрување на претприемништвото, вработливоста и продуктивноста со тоа што на претприемачите од областа на земјоделството им дава збир на дополнителни вештини и алатки за нивните перформанси, и сето тоа благодарение на контактот со емоционалната интелигенција и другите меки вештини.

Illustrator: Canan Bozkurt | Designer: Dilan Dogruyol

Интелектуални резултати

За да се постигнат целите на проектот беа развиени, тестирани и мултиплицирани три интелектуални резултати: Алатката за самоевалуација (О1) беше појдовна точка на проектот, која ги дефинира 12-те основни меки вештини за претприемачите и генерира систем за самооценување. Системот за обука СИТРА (О2) е корисна алатка со модули за обука и практични материјали. Третиот резултат е Прирачникот за обучувачи СИТРА (O3) за фасилитаторите на обуките за меки вештини. Сите произведени резултати се слободно достапни за јавноста во и надвор од времетраењето на проектот. Проектот СИТРА има одржливи директни влијанија во и надвор од времетраењето на проектот врз три целни групи: 1) земјоделски претприемачи, 2) нивните бизниси, 3) компании и организации активни во полето на услуги за обука и обука. Со создавање на алатки за обука за подобрување на меките вештини кај претприемачите од земјоделскиот сектор, конзорциумот ја постигна општата цел на проектот: да ја истакне важноста на меките вештини во претприемништвото и да ја подигне свеста за нивниот ефект врз продуктивноста и опстанокот на компаниите и работните места.