За нас

МЕКИТЕ ВЕШТИНИ КАКО АЛАТКА ЗА КРЕАТИВНОСТ ВО РУРАЛНИТЕ ОБЛАСТИ

„Партнерството во проектот е составено многу внимателно со детално испитување на оперативните капацитети на секој партнер. Партнерите се избрани и од географска гледна точка. Партнерството е составено од организации кои претходно меѓусебно соработувале и се докажано доверливи. Сите горенаведени критериуми се многу важни и гарантираат дека конзорциумот ќе работи непречено и ќе постигне највисок можен квалитет.

Меѓународата организација за рурален развој на Бас Сегала – ADRIBS – лидер од Франција е организација со високо искуство во имплементирање на национални и меѓународни проекти. ADRIBS во минатото веќе има соработувано со Општина Болу од Турција. СЕДА е релативно нова организација во програмата Еразмус+, но вработените од СЕДА се искусни во имплементирање на други национални и меѓународни проекти, особено кои се поврзани со меки вештини и претприемништво. I&F од Ирска е искусна организација која работи на неколку проекти во рамките на Еразмус+ и други проекти особено поврзани со спортот. ФАЦЕ од Северна Македонија е искусна организација во програмата Еразмус+ и во проекти поврзани со образование на возрасни и стручно образование. Конзорциумот се состои од искусни партнери во проекти Еразмус+ (I&F, FACE, INDEPCIE) како и неискусни во таа област организации како Општина Болу и здружението СЕДА. Сепак, сите луѓе кои се вклучени во проектот, веќе имаат учествувано во различни проекти и биле вклучени во многу различни активности поврзани со проекти на ЕУ (на пр. H2020)“.

ПОДЕЛБАТА НА АКТИВНОСТИТЕ ВО ПРОЕКТОТ Е НАПРАВЕНА ВАКА:

  • Работен пакет 1 – Менаџмент – ADRIBS (FR)
  • Работен пакет 2 – Квалитет – I&F (IE)
  • Работен пакет 3 – Дисеминација – SEDA (PL)
  • Работен пакет 4 – Развивање на содржина за обука – Indepcie (ES)
  • Работен пакет 5 – Пилотирање и тестирање – ADRIBS (TR)
  • Работен пакет 6 – Мултипликативни настани – FACE (MK)